Разбирливо, свесна за тоа дека и претстои битка за која знае дека ќе ја изоди, за која знае дека ќе ја победи, како и многу пати досега, така и овој пат после третата хемотерапија на ќерката Андријана на Државната клиника за онкологија, Јулија го отвори своето големо срце

Кога пред некое време Јулија Мациевска, нашата популарна пејачка и новинарка, а од скоро и водителка, се соочи со канцерот на нејзината ќерка Андријана, познат ликовен уметник, таа јавно и без предрасуди проговори за ситуацијата во која се најде нејзиното мало, но храбро семејство. Разбирливо, свесна за тоа дека им претстои битка за која знае дека ќе ја изоди, за која знае дека ќе ја победи, како и многу пати досега, така и овој пат после третата хемотерапија на Андријана на Државната клиника за онкологија, Јулија го отвори своето големо срце.

-За канцерот треба да се зборува, секој придонес е многу важен. Сè уште јас и Андријана поминуваме низ овој процес, а нашите искуства наскоро ќе ги споделиме за да им бидат од корист на сите што минуваат низ иста или слична дијагноза, вели Јулија, која и покрај сè оптимизмот и ведриот дух не ја напуштаат.
И таа и Андријана голема благодарност упатуваат и до екипата на онкологија до Жане, Мики, Тања на чело со доктор Нино Васев кои на Андријана и овозможија да закрепне и да застане пак на нозе.

Поддршките за ќерката на Јулија, но и за големата љубов кон животот со која зрачи нашата пејачка, стигаат и од нејзините колеги. Порака за храброст до двете им прати и популарната водителка и колешка на Јулија, Ирена Спировска која покажа колкаво има срце постирајќи искрени емотивни зборови:

-Секоја чест за храброста што ја имате да покажете низ што минувате, затоа што многу жени ја водат истата битка. На Адријана и посакувам што побрзо закрепнување и убавата насмевка секогаш да и го краси лицето! Љубовта од мајката е најважна и најголема поддршка во најтешките моменти во животот. Господ нека е со вас и нека ви даде сила што побрзо да го пребродите ова. Ве гушкам и двете!

– Прекрасни мои пријатели од бога дадени, моето срце ви е бескрајно благодарно, се чувствуваме благословено, јас и моето мало семејство. Бескрајна благодарност на секој човек што ни се најде на патот, искрено возврати Јулија, свесна и присебна за битката која ќе ја добие, како и за тоа дека на канцерот таа и нејзината ќерка наскоро ќе му кажат збогум!
Д.М. /фото:ФБ/