Јужна Кореја ја прекина имунизацијата со Астра Зенека за лица под 60 години

41

Јужна Кореја одлучи да ја прекине програмата за имунизација од Ковид-19 со вакцината на „Астра Зенека“ за лица помлади од 60 години поради загриженост за згрутчување на крвта, јави Јонхап.

Организирани да започнат утре, исто така, ќе бидат откажани и програмите за вакцинација со „Астра Зенека“ за инструктори за специјално образование и наставници во градинки, основни и средни училишта, за вкупно околу 70.000 лица. Со нарушување на распоредот за вакцинација, Јужна Кореја би можела да биде под силен притисок да постигне имунитет на стадо до ноември.

– Ја донесовме оваа одлука за претпазливост за пред се да ја ставиме безбедноста на луѓето кои примаат вакцини против Ковид-19 , рече шефот на корејскиот центар за контрола и превенција на болести.

Тој додаде дека „врз основа на наодите на ЕМА, ќе се спроведат дискусии со експерти и брзо ќе се реагира“.

Извор:МИА