Јужен Судан под вода: Поплавите кои траат со месеци однесоа и детски животи

28

Најмалку 20 лица настрадале во поплавите во последните неколку месеци во Јужен Судан, предизвикани од силниот дожд, што и натаму го погодува најоддалечениот дел од земјата.

Најголемиот број од лицата настрадале во периодот меѓу јули и септември во округ на државата Варап, изјави Виктор Век Кур, комесар на округот Гориал Вест.

-Меѓу жртвите има и деца кои се удавиле кога им се урнала куќата натопена со вода, рече Век Кур.

Од јули наваму многу делови од Јужен Судан се погодени од поплави, а некои области и во моментов се под вода.

Меѓу најзагрозерните се државите Јунити и Џонглеј.

-Дури и резиденцијата на претседателот Салва Кира, во северозападната држава Варап, е поплавена, изјави министерот за информации Мајкл Макуеи.

Поради поплавите ширум земјата група со која претседаваше првиот потпретседател, Риек Макар, минатата недела прогласи вонредна состојба.