Јуве ќе разменува фудбалери и со Реал (М)

112

Најтиражниот спортски весник во Италија – „Газета дело Спорт“, откри дека во следните неколку дена треба да се реализира уште размена на фудбалери и тоа помеѓу италијанскиот и шпанскиот гигант. Пред еден месец, челниците на Барселона и на Јувентус постигнаа договор и ги разменија Миралем Пјаниќ и Артур Мело.

Според последните информации кои беа пласирани од тиражниот весник, сега на преговарачката маса се седнати челниците на Јувентус и Реал (М), а тема на дискусија е можната размена на Арон Рамзи и Франциско Иско.

Велшкиот интернационалец не се снајде откако се пресели во Торино за време на летниот преоден рок. Искусниот играч за врска дојде како слободен играч од редовите на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, но во изминатата сезона само на 15 натпревари имаше статус на првотимец, а останатите ги започна од клупата за резервни фудбалери.

Репрезентативецот на Шпанија веќе седум години е дел од „кралскиот клуб“, но веќе со месеци се најавува неговото заминување од „Сантијаго Бернабеу“. Иско не крие дека е незадоволен од минутажата која ја има и од соработката со францускиот стручњак, Зинедин Зидан. Во дресот на Реал (М), Иско освои две шампионски титули во Примера дивизион и четри пати го подигна трофејот во Лигата на шампиони.