Селекторот на фудбалската репрезентација на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, го обвини италијанскиот калчо гигант Јувентус за последната повреда на одличниот играч за врска, Филип Костиќ.
- Костиќ е под знак прашалник. Има повреда која ја доби за време на последниот натпревар со Јувентус. Тие играат само по левата страна, како да немаат десна страна. Има повреда на мускулот, ние нема што да криеме, изјави Пикси.