Јубилејниот 10. фестивал „Здраво млади“ на 27 август во МКЦ

89

По повод десетoто јубилејно издание на скопскиот летен фестивал „Здраво млади“, на 27 август во паркот на Младинскиот културен центар ќе се одржи 12-часовно забавување со најновото од алтернативната музичка сцена.

Како што соопшти МКЦ, на фестивалот е најавено гостување на Efterklang, Lalalar, Viagra Boys, Shopping…

-Будно ја следиме целата ситуација со коронавирусот, но оптимизмот за јубилејниот „Здраво млади“ преовладува! За ова десетто јубилејно издание на фестивалот досега се најавени: данските легенди на инди-рок сцената – Efterklang, свежата психоделија од Истанбул – Lalalar. Со своите ретрофилмски бас-линии, електронски ритмови, расклопени вокали, флертувачки гитари и внимателно ископани примероци од наследството на Анадолија, бендот евоцира идна носталгија, соопшти МКЦ.

Фестивалот е поддржан од Europe House Skopje. Early bird билетите, како што се наведува во соопштението, се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.