ЈП Комунална Хигиена синоќа почна рачно миење на пунктовите за масовна вакцинација во Скопје

27

Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје синоќа почнаа активности за рачно миење на сите пунктови за масовна вакцинација каде што се спроведува имунизацијата на жителите на градот Скопје против вирусот Ковид-19.

Активностите се реализираат во пунктовите лоцирани во спортската сала Борис Трајковски и поликлиниките Букурешт, Чаир и Јане Сандански, со употреба на четири автоцистерни, се наведува во соопштението на ЈК Комунална хигиена – Скопје.

пунктови вакцинација чистење

-Во непосредната околина на пунктовите за масовна вакцинација против вирусот Ковид-19 секојдневно забележуваме голема фреквенција на луѓе и возила и од тие причини ЈП Комунална хигиена-Скопје вечерва презема вонредни активности за одржување на хигиената и чистотата на овие локации, со цел максимална заштита на јавното здравје, изјави синоќа директорот на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Абдусамед Шабани.