ЈП „Водовод и канализација“ постави нов апарат за плаќање сметки

72

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ во соработка со ланецот на маркети „Тинекс“, денеска постави апарат за плаќање на сметки во „Супер Тинекс 1“ – Годел на улицата „Перо Наков“ бр.108.

– Ова е уште еден чекор со кој „Водовод и канализација“ како јавно претпријатие ја зголемува достапноста на своите услуги до своите корисници. По воведување на мобилната апликација достапна за Andorid и IOS, дел од услугите на претпријатието кои се однесуваат на наплата на сметките отсега се достапни и преку апаратите за наплата кои освен во „Супер Тинекс 1 – Годел, се поставени уште на две локации – во дирекцијата на претпријатието и во новото Одделение за грижа на корисниците во ЈП „Комунална Хигиена“-, соопштија од „Водовод и канализација“.

Оттаму додаваат дека користејќи ги апаратите за наплата, корисниците имаат можност за преглед на фактурите и нивна наплата со користење на Мастер и Виза картичките од сите банки.