Како наближува почетокот на НБА лигата, така вестите поврзани со неа се зголемуваат. Овој пат свој „бисер“ имаше американскиот новинар Роб Перез, кој на интересен начин изнесе став околу МВП играчот од регуларниот дел на минатата сезона, Никола Јокиќ.

Српскиот репрезентативец важи за еден од оние кошаркари за кој американските новинари постојано пишуваат. Се чини дека неговата појава е доволна инспирација за американските новинари, настрана фактот што тој е врвен кошаркар и подготвен да ја крене публиката на нозе со само еден потег.

Објавата на американскиот новинар Роб Перез на Твитер донесе насмевки кај многумина што ја прочитаа. Србинот одигра три натпревари со Денвер во претсезоната против Лос Анџелес Клиперс, Голден стејт и Минесота, во кои имаше неколку атрактивни потези.

  • Не можам да ви кажам колку ми недостигаше да го гледам Јокиќ како се движи по теренот, како да имаше опасно влажен прдеж, така што неизбежно го дриблаше најдобриот дефанзивец на противничкиот тим и ја исфрлаше топката преку глава, принудувајќи го противникот да размисли за промена на професијата, напиша Перез.

Новата сезона во НБА лигата стартува на 20. октомври, а тимот на Денвер загуби на последниот претсезонски натпревар од Оклахома со 108:99.

Инаку, што се донесува до претсезонските натпревари, тимот на Шарлот одигра уште еден катастрофален натпревар. Овој пат загуби од Далас со неверојатни 68 разлика (59:127) и покрај тоа што Лука Дончиќ немаше своја вечер. Словенецот од редовите на „маверикс“ постигна само 10 поени.