Кошаркарите на Денвер го победија Детроит со 110:105 на гости, со уште едно одлично издание на Никола Јокиќ. Центарот на Нагетс стана првиот играч во историјата на лигата кој забележал повеќе од 5.000 скока и 3.000 асистенции на првите 500 натпревари во најсилната лига во светот.

Нагетси го запишаа третиот триумф на последните четири натпревари и моментно се шести на Западот со скор 25-21, додека Пистонс се вториот најлош тим во лигата со скор 11-36.

Јокиќ доминираше на двете страни од теренот и за 28 минути постигна 28 поени (9/20 од игра, 3/8 за три, 7/7 слободни фрлања), 21 скок, 9 асистенции, една украдена и три загубени топки.