Српскиот кошаркар Никола Јокиќ беше јунак на натпреварот во кој неговиот Денвер славеше над Мемфис со 131:114, иако не одигра на своето препознатливо ниво. Сепак, главен момент на мечот беше неверојатниот прекар кој му го даде коментаторот на Денвер при една акција. И тоа не било кој туку Крис Марлоу, кој е освојувач на златен олимписки медал со одбојкарската репрезентација на САД во 1984 година.

-Одлична српска ку*ва!, извикуваше за време на преносот Марлоу.

Исто така крајно интересен меч се одигра и во Далас, каде „маверикс“ го совлада пред своите гледачи Сан Антонио со 117:110. Ѕвезда на вечерта сосема очекувано беше Лука Дончиќ, кој забележа нов трипл-дабл од 42 поени, 12 асистенции и 11 скокови. Со ова Словенецот е втор најмлад играч во историјата во НБА кој запишал ваков трипл-дабл, а пред него тоа му успешно на Леброн Џејмс.

Резултати: Њујорк – Кливленд 123:105, Бруклин – Индијана 86:115, Торонто – Шарлот 132:96, Чикаго – Милвоки 101:115, Хјустон – Портланд 132:108, Далас – Сан Антонио 117:110, Феникс – Бостон 85:99, Јута – Минесота 102:112, ЛА Клиперс – Оклахома 90:88.