Јовиќ само како позајмен

98

Лондонскиот премиерлигаш Тотенхем е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на српскиот интернационалец од редовите на шпанскиот гигант Реал (М), Лука Јовиќ.

Иако „кралскиот клуб“ изминатото лето одвои околу 60 мил. евра за неговото обештетување, младиот напаѓач во актуелната сезона постигна само два погодока и речиси сите натпревари ги стартува од клупата за резервни фудбалери.

Србинот дефинитивно ќе си замине од Мадрид за време на летниот птреоден рок, но Реал (М) е заинтересиран само за едногодишна позајмица на поранешниот фудбалер на Бенфика и Ајнтрахт од Франкфурт.