Истражителите од Јавното обвинителство во моментов се влезени во просториите на СЈО , со цел да се обезбеди потребната документација за исплата на надоместоците кои ги добивале обвинителите, вели за весникот ВЕЧЕР, државниот обвинител Љубомир Јовески.
Врз основа на документацијата ќе се утврдат натамошни чекори. Јовески не сака да прејудицира дали ке се поведе постапка и за останатите лица кои се најдоа на списокот на СЈО, хонорарци, кои во исто време биле и директори во државните институции. Обвинителството ќе процени за натамошните чекори за останатите лица кои земале хонорари од СЈО, вели Јовески.
Инаку, Специјалното јавно обвинителство, кое де-факто повеќе не функционира, извести дека надоместоците за доверливост кои ги добивале обвинителите не биле повисоки од земјите во регионот и дека поранешната специјалната јавна обвинителка Катица Јанева била таа која ги одредувала.