Јова: Не сум ни прва ни последна, која се разведе!

345

Јова е сега нејзиното уметничко име, а всушност се работи за некогаш многу популарната македонска пејачка Јованка Житарова која со новата песна “Биди сама своја среќа“ и се врати на естрадата после пауза од некои си 10-тина години. Атрактивната Житарова пред тоа живееше на Алјаска, поради работата на нејзинот сега веќе поранешен сопруг Роберт, со кој има и две златни дечиња Зои и Картер.

Но Јова немаше среќа да остане во брак, па се разведе, но поради разводот не е несреќна. Како велат старите, подобро е добар развод, отколку лош брак. – Не сум ни прва ни последна која се разведе! Не правете драма од тоа. Поради децата со Роберт останавме добри пријатели. Децата не смеаат да трпат, емотивно раскажа згодната Јова пред новинарите.

После разводот таа се врати во родната Македонија решена да продолжи со кариерата. Сепак, поради пандемијата настапите во живо ќе причекаат на подобри времиња. Јова не губи надеж, си го сака животот и покрај се што и се случувало.

Животот и е осмислен со децата, но и со публиката која не ја заборавила. Таков глас и стас не се забораваат! Одвај чекаме пак да уживаме во нејзините живи концертни настапи.   (фото:ФБ)