Јован Шурбаноски нов в.д. директор на Музејот на Македонија

164

Јован Шурбаноски е назначен за нов вршител на должност директор на Музејот на  Македонија, потврдија за весникот „Вечер“ од Министерството за култура.

Шурбаноски доаѓа на местото на директорот Гордан Николов кој како што посочија од министерството „е разрешен поради утврдена работа спротивна на Законот за култура и на Законот за музеите и на Статутот на установата, а по извршен вонреден инспекциски надзор од овластени инспектори за културата“. Како што посочуваат од Министерството за култура, во законски рок најдоцна од 6 месеци, ќе биде распишан јавен оглас за избор на директор на установата.

Инаку, заради смената на раководниот кадар, најавената изложба „Африка во Македонија“ беше одложена и презакажана за 28 ноември.