Јованка Радичевиќ е женскиот Кирил Лазаров 

61

Поранешната ракометарка на Вардар, Јованка Радичевиќ, се круниса за најдобар стрелец во женската ракометна Лига на шампиони и ја продлабочи легендата во овој спорт.

Крилото, кое е член на словенечки Крим, на натпреварот против Оденсе постигна вкупно четири гола и дојде до бројката од 1 017 гола во ракометната елита. На првата позиција, таа ја замени Анита Горбиц од Унгарија.

Радичевиќ има идентичен рекорд како македонската ракометна легенда Кирил Лазаров. Поранешниот капитен на репрезентацијата, а сегашен селектор, во ЛШ има постигнато вкупно 1 482 и е убедливо најдобар стрелец.