Сопругата на српскиот фудбалер Филип Ѓорѓевиќ, Јована, повторно ја шармираше машката популација со објавата на неколку провокативни фотографии на социјалната мрежа Инстаграм.

Таа овој пат се појави во мини здолниште со што ги запали фантазиите на нејзините 354.000 следбеници на социјалната мрежа. Фотографиите на нејзиниот профил собраа солидна доза лајкови.

Инаку, нејзиниот сакан моментно настапува за италијанскиот клуб Киево, а воедно неговата кариера е пред самиот крај, бидејќи напаѓачот неодмна наполни 34 години и има драстичен пад во формата, па почесто ја „грее“ клупата, отколку што е на зелениот терен.