Чешкиот ракометен стручњак Филип Јиха, го продолжи договорот со Кил до 2023 година, како награда за одличните игри што „зебрите“ ги прикажуваа под водство на младиот стратег.

Чешкиот стручњак успеа да ја врати бундеслигашката титула во Кил по неколкугодишна пауза, тимот обезбеди и учество на Ф4 турнирот од ЛШ и затоа раководството на германскиот гигант не размислуваше многу за да му даде нов договор.

Филип Јиха и најдобрите моменти во играчката кариера ги мина во дресот на Кил, со кој освои седум титули во германскиот шампионат и две во Лигата на Шампионите.