Јермак: Функционерите кои ги избегнуваат воените должности ќе бидат сменети

56

Функционерите на украинската Влада кои ги избегнуваат своите должности за време на војната брзо ќе бидат сменети, изјави, шефот на кабинетот на украинскиот претседателот Андриј Јермак.

– Секој треба да го разбере своето ниво на одговорност кон државата и нацијата за време на војната. Кој и да заборави на тоа, реакцијата ќе биде брза. Ова ќе му се случи на секој кој ќе си дозволи да ги заборави (своите должности), без оглед на титулите и функциите, напиша Јермак на Твитер.

Повеќе од десет функционери беа разрешени оваа недела по серијата скандали и обвинувања за корупција.