Пејачката (со многу хитови и еден дует со нашата Есма Реџепова), жали што поради коронавирусот одамна не пеела во живо во Македонија, во земјата која како што вели многу ја сака и од која секогаш носи убави спомени поради убавите настани и настапи, а како еден од поубавите настапи го памети оној на прилепскиот „Пиво-фест“

Бомбастичната сплитска пејачка, многу згодната Јелена Розга, која искрено кажано има армија свои обожаватели во Македонија, неодамна предизвика бура реакции откако јавно проговори што мисли за бракот, но и за мајчинството, а по турбулентното раскинување на љубовната врска со сексапилниот музичар Стјепан Хаусер.

-Имав долга врска со Стјепан. Сите коцкички ни се сложија, ама само една не. Кога требавме да влеземе во брак. Се случи пресвртница. Мене тоа парче хартија ништо не ми значи, тоа е само некоја глупава обврска, демек со потписот повеќе ќе се сакаме. А, еве испадна обратно. По мое мислење, многу е поважно да се има разбирарање со своето момче, да се биде искрен, да бидете тука каде што сте, да не сте отсутни со мислите кога сте заедно. Бракот е само глупава хартија.

Во ова време на пандемијата посакувам само да сум здрава, а другото е лесно. И се разбира, дека не сакам бебе ако нема љубов. Тоа дете се раѓа како реакција на чиста љубов, највозвишени чувства, а не затоа што другите тоа го очекуваат од мене, изјавила Розга.

Пејачката (со многу хитови и еден дует со нашата Есма Реџепова), жали што поради коронавирусот одамна не пеела во живо во Македонија, во земјата која како што вели многу ја сака и од која секогаш носи убави спомени поради убавите настани и настапи, како оној на „Пиво-фест“ во Прилеп.     Д.М.