Јелена Карлеуша – изнервирана поради косовскиот сајт: Не сум Албанка од Косово – дојдете во “Ѕвездите на Гранд“ ќе ја пееме “Шота“!

406

Да не бидам погрешно разбрана, имам јас фанови и меѓу Албанците, но не сакам да ме ставаат таму кај што не ми е местото, Србинка сум од Белград, на Албанците им порачувам да дојдат во “Ѕвездите на Гранд“, да запееме заедно, сакааат “Шота“ или “Одакле си селе“…..

И ако своите многубројни фанови од Вардар па до Триглав не ги дели по нација, вера, сексуална определба, “скандал пејачката”, мега популарната Јелена Карлеуша се појави на еден  косовски сајт на кој е претставена како Албанка од Косово покрај косовското знаме. Тоа многу ја вознемири и разочара, па мораше лично да реагира кај администраторите тоа да го бришат.

-Да не бидам погрешно разбрана, имам јас фанови и меѓу Албанците, но не сакам да ме ставаат таму кај што не ми е местото на раѓање и со било која нација на која не и припаѓам. Србинка сум и со тоа сум горда!

На Албанците им посакувам се најдобро, така да нема потреба да ми пишуваат дека сум од Косово, кога сум чистокрвна Белграѓанка, во Белград сум родена, а Косово секако дека го сакам, како и тој народ таму без разлика дали се Албанци, Срби, Роми, Босанци,Турци…..

Лошо ми е кога се уште треба да се објаснуваме кој е од која нација, во ова време на модерно живеење, наместо да шириме љубов, па затоа сите засегнати Албанци да дојдат во “Ѕвездите на Гранд“, да запееме заедно, сакааат “Шота“ или “Одакле си селе“. Ќе се договориме…… Д.М. фото:Јутјуб/Инстаграм