Иако се врати во кафезот, борбите и победите, Џон Џонс очигледно не може да престане со скандалите во приватниот живот. Тој пред неколку дена беше обвинет за сексуално насилство на келнерка во еден стриптиз-бар во Ново Мексико.

Наводниот прекршок се случил пред неколку месеци кога посетил стриптиз-бар во Албукуера. Тој почнал да ја удира келнерката по задникот, а воедно и ја бакнувал по врат. И покрај тоа што таа се обидувала да се тргне од него неколку пати и го замолила, сепак Џонс си терал по свое.

Поради тоа била покрената постапка против него, но Џонс не знаел за прекршокот и не се појавил на суд. Веднаш потоа се огласил и неговиот застапник: „Дознавме преку медиумите за лажните обвиненија кон Џон. Документот за таа постапка бил испратен на погрешна адреса. Џонс го плати износот кој му го одреди судот. Постојат неколку сведоци кои се подготвени да одговорат на лажните вести во медиумите“.

Ова е само еден од низата инциденти на Џонс во богатата кариера. Пред четири години беше обвинет на 18 месеци поради тоа што бремена жена удри со својот автомобил, а потоа и побегна од местото на настанот. Исто така неколку пати беше казнет за возење во алкохолизирана состојба, како и за користење на допинг средства.