Бранителот на трофејот во НБА лигата, тимот на Голден стејт, го совлада Портланд со 114:111 и поведе со 2-0 во финалната серија од плејофот во Западната конференција.

До триумфот „воините“ дојдоа по голем резултатски пресврт направен во второто полувреме, откако по првите две четвртини „блејзерси“ имаа предност од 15 разлика (65:50).

  • Мислам дека ја „украдовме“ оваа победа. Не надиграа во поголемиот дел од натпреварот, но бевме доволно натпреварувачки наклонети во вториот дел за да дојдеме до триумфот. Искуството повторно ни помогна, како што се случи и во некои други ситуации, истакна предводникот на „воините“, Стив Кер.