Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус е префрлен во затвор во Порт Елизабет, каде ќе се сретне со родителите на Рив Стинкамп, девојката што ја уби во 2013 година, пишува „Би-Би-Си“.

Состанокот може да придонесе 35-годишниот Писториус да биде условно пуштен на слобода. Имено, Џун и Бари Стинкамп се согласиле на таа средба со убиецот на нивната ќерка, кои би можеле да помогнат поранешниот светски шампион да излезе на условна слобода. Но, тие не сакале да одат кај него, па организирале Писториус да го префрлат во затвор кој е во нивна близина.

Јужноафриканецот првично беше осуден на пет години затвор за убиство на девојка од небрежност, но во 2014 година делото беше окарактеризирано како убиство со умисла и казната беше преиначена на 13 години и пет месеци.

  • Мајката на Рив Стинкамп му прости на Оскар за убиството на нејзината ќерка, но тоа не значи дека Писториус треба да биде ослободен пред целосно да ја отслужи казната, изјави Тања Коен, адвокатка на семејството Стинкамп.

Инаку, Писториус неодамна изјави дека не би сакал да излезе од затвор бидејќи се плашел за својот живот, одсносно да не го нападнат родителите на неговата поранешна девојка. Но, очигледно ситуацијата се променила, па наскоро би можел спокојно да излезе од затвор.