Ја пронајдоа во московски стан полн ѓубре – по три месеци има нова животна приказна

392

Во почетокот на март Русија се згрози од случајот на девојчето Љубов кое беше пронајдено само во еден московски стан полн со ѓубре и лебарки.
Беше изгладнето, болно и неразвиено. Не знаеше да зборува, ниту да спие во кревет. Никогаш немаше видено овошје и се плашеше од вода.

Но по три месеци стасаа нови, изненадувачки добри вести – приказната има сосема инаква разврска. Љубов наполни шест години, а лекарите се задоволни од тоа како напредува.

Научила да зборува, да вози скутер, може самата да се облече и да ја постави масата. Се дружи со други деца и често оди во прошетки. Се разбира, тим од стручњаци ќе продолжи да работи со неа.
Во центарот за социјална работа во весела атмосфера бил прославен нејзиниот роденден.

„Учествуваше во сите игри и се радуваше на подароците, наведоа од таму.

Да потсетиме дека кога девојчето беше пронајдено, нејзината мајка, освен што тврдеше дека го одгледувала девојчето во добри услови, изјави и дека „не знае што се случило со станот“.

„Не ме пуштија да ја видам својата ќерка. Не знам што се случило со станот. Ме уапсија во близина на зградата“, кажа Ирина која е факултетски образована жена, како што се истакнува. Таа тврди дека девојчето може да зборува и да комуницира. Целиот случај беше откриен кога соседите повикале полиција бидејќи детето постојано плачело.