Сениеса Естрада влезе во историјата на боксот, откако за само седум секунди успеа да ја нокаутира Миранда Едкинс во боксерскиот меч која се одржа во Калифорнија. Ова воедно е еден од најбрзите нокаути во историјата на боксот, откако Естрада не и дозволи на противничката ниту да се обиде да удри, па со серија од неколку жестоки удари ја испрати на подот.

Инаку, Естрада е сопственик на привремениот шампионски појас во ВБА во лесна категорија и сребрниот јуниорски појас во ВБЦ. Таа првично требаше да боксува со Џеки Калво, но таа се повлече од борбата поради повреда на коленото.