Љубителите на фудбалот добро ја паметат италијанската водителка Дилета Леота и секојдневно ги следат вестите за неа, а претходните месеци се чинеше дека е пред брак.

Додека се шпекулираше дека се забавува со Златан Ибрахимовиќ, се покажа дека е во врска со турскиот актер Џан Јаман и дека сè оди во добра насока. Сепак, по фотографиите на јахтата, кои ја обиколија Италија, набрзо раскинаа, а сега се знае и зошто.

Италијанските медиуми пишуваат дека турскиот актер „ставил точка“ на врската, односно дека ја оставил Дилета Леота поради друга убавица. Тој моментно излегува со Моран Атиас, која е дури десет години постар од него.

Атиас (40) е позната актерка во Израел, а порано се забавувала со романскиот фудбалер Адријан Муту. Инаку, двојката не се огласи на оваа тема, па многумина сметаат дека врската веројатно е само во почетна фаза, а не се знае како се запознале.