Ја направи најдобра тенисерка во светот па доби отказ

77

Јапонската тенисерка Наоми Осака,  на крајот од минатата година се закити со титулата на САД Опен, а на стартот од оваа сезона се закити со титулата на Австралија опен, по што стана светски тениски рекет број еден. Но, неполн месец по остватување на овој успех, Јапонката ја шокираше тениксата јавност со објавата дека повеќе не соработува со својот тренер Саша Бајно.

Српскиот тренер е најзаслужен што 21 – годишната тенисерка стана светски рекет број еден и затоа е големо изненадување што дојдје до раскинувањето на соработката.

  • Здраво на сите, сакам да ви кажам дека повеќе нема да соработувам со Саша. Благодарам за неговата соработка и му посакувам се најдобро во иднина, кусо искоментира Наоми,  додека српскиот тренер беше нешто поконкретен:
  • Благодарам Наоми! Не ти посакувам ништо помалку од најдоброто, исто како и до сега. Ова беше неверојатна авантура и благодарам што ми дозволи да бидам дел од тоа, истакна Саша.

Под негово водство Осака стана првата тенисерка по Серена Вилјамс  во 2015 година што се закитила со грен слем титула и најмлада на која и успеало тоа уште од Мартина Хингис во 1998 година.