Ја загуби битката со тешката болест – почина Драги Шпага

219
Фото: Facebook

Драги Христов кого сите го познаваа по прекарот Драги – „Шпага“, почина на 52 годишна возраст по кусо и тешко боледување. Драги бил погребан вчера во кругот на најблиските пријатели и потесното семејство.

Според информациите кои ги објавуваат медиумите, кај него претходно бил откриен карцином на белите дробови.

Пошироката македонска јавност го запозна во 2004 година по учеството во едно од првите реални шоуа во Македонија, кога имаше обид самостојно да создаде ријалити од овој тип. Реалното шоу се викаше „Тоа сум јас“, а се снимаше во куќа во Скопје и беше сличен формат на „Големиот брат“.

Христов едвај го преживеа претходното заболување од Ковид-19, кога беше објавено дека 20 часа бил во кома.