Шведскиот ракометен стручњак Љубомир Врањеш, поранешен ракометен репрезентативец на Србија, изјави дека ја напуштил клупата на „Орлите“ по седум дена зашто Ракометниот Сојуз на Србија не успеал да се договори со неговиот тогашен клуб Фленсбург.

Врањеш во 2013 година ја презеде Србија и требаше да биде долгорочно решение, но се се оконча после само еден официјален натпревар. Судејќи според изјавата, пречката биле парите кои федерацијата на Србија не можела да му ги плати на Фленсбург во вид на надомест.

-Имав договор со Фленсбург и тие рекоа: „Се е ок, може ти тоа да го работиш, но Србија треба да ни плати и на нас.“ Сето тоа да се компензира. Тие почнаа да се договараат, Фленсбург сакаше нешто, а Србија не можеше да плати. Јас тука ништо не се прашував и потоа Фленсбург рече: „Доста е, нема повеќе да преговараме, а ова за вас е без врска. Така мене ми рекоа. Рекоа: „Не“. И тоа е тоа.“, откри 46 – годишниот стратег.

Врањеш во меѓувреме продолжи да работи во германскиот клуб и со него во 2014 година ја освои Лигата на шампионите. Од декември 2019 година ја води селекцијата на Словенија.