Хамас соопшти дека Јахја Синвар, лидер на палестинската терористичка група од Појасот Газа, ќе го преземе место на политички лидер, функција што ја извршуваше Исмаил Ханије, кој неодамна беше ликвидиран во Техеран.
Во соопштението на групата се потврдува „изборот на командантот Јахја Синвар за шеф на политичкото биро на Хамас“.
Израел претходно јавно го обвини Синвар дека беше „мозок“ на терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври лани, иако стручњаците наведуваат дека тој е еден од неколкуте планери на нападот.
Како што пренесе „Си-Ен-Ен“, се верува дека тој се крие во големиот лавиринт на тунели под Газа. Синвар наводно често ја менува локацијата на престој и се движи во придружба на израелски заложници кои ги користи како жив штит.