Унгарскиот ракометен шампион Веспрем, на подолг период ги осигура услугите на египетскиот репрезентативец Омaр Јахија. Бекот беше на позајмица во Веспрем од редовите на Замалек. Откако почна да се наближува крајот и истекот на позајмицата (јуни 2021), унгарскиот тим не остави ништо на случајноста и му понуди долгорочен договор на ракометарот.

Јахија ќе го носи дресот на Веспрем до 2025 година. Десниот бек за унгарскиот тим досега одигра 65 натпревари и постигна 192 гола.