Германскиот тенисер Александер Зверев има самодоверба дека тој ќе биде човекот кој би застанал на патот до златото на Новак Ѓоковиќ, на Олимписките игри во Токио

-За да победите играч како Ѓоковиќ, треба да направите работи што многу малку играчи можат да ги направат. Се гледам себеси како некој што може да има голема шанса да го победи. Ако играте со неговиот стил на игра, ќе изгубите. Треба да играш на високо ниво и да се надеваш дека тој нема да го има најдобриот ден. Мислам дека најдобрите играчи секогаш го имаат тој притисок. Секогаш е позитивно да се чувствуваш така, смета Германецот.