Да не паѓаме во депресии,во таги, тоа може само да не однесе во некоја тешка болест. Ете, од кај да знаевме дека ќе ни се случи овој коронавирусот. Затоа велам, Господ е со нас, а животот е непредвидлив, да бидеме задоволни со тоа што го имаме…
Блага Петреска, големата дама на македонскиот фолк, која трае со децении и која со причина се уште е присутна на врвот на музичката сцена. Нејзините почетоци датираат од забавната музика, од тогашните познати југословенски фестивали. Но, бргу потоа се пронаоѓа и во македонскиот фолк, за да ги испее најубавите песни, македонски музички народни бисери кои со текот на времето се обнародија, а таа со својот бисерен глас стана и остана нераскинлив дел од македонското народно творештво. Нејзината пејачка кариера трае успешно и денес!
-Само Господ е со нас и само на Господ му верувам. Таква сум каква сум на овие години никој со ништо не може да менува сега на мене. Но и вистина е дека сум прилично разочарана во се ова што ни се случува, но немоќна нешто да сменам на подобро. Да имаме сила да издржиме, со нас да ни се нашите позитивни мисли, да не гледаме во се околу нас дека е црно, бидејќи имаме деца, имаме внуци, имаме родители, пријатели со кои треба да го делиме и доброто, но и лошото. Животот е таков еден ден вака, друг ден онака. Да не паѓаме во депресии,во таги, тоа може само да не однесе во некоја тешка болест. Ете, од кај да знаевме дека ќе ни се случи овој коронавирусот. Затоа велам, да бидеме задоволни со тоа што го имаме, да останеме колку што можеме искрено насмеани, вели нашата популарна пејачка Блага Петреска, за ВЕЧЕР.
0 Но согласна си со тоа дека поради коронавирусот ситуацијата на македонската естрада е премногу тажна?
-Коронавирусот само ја потврди поодамнешната ситуација со македонската естрада на која мешетарат оние кои за жал сакаат на лесен начин да дојдат до големи пари. На некои од нив тоа им успеа, но големиот дел од нас остана да биде чесен, чесно да заработува за живот. Јас сум дел од оние чесните, на тоа сум горда, тоа никој не може да ми го оспори. Никому лошо не сум направила, само сум помагала, добра сум со сите мои колеги, а и со вас новинарите. Животот мене воопшто не ме галеше. На млади години останава вдовица, се борев самата со две деца кои ги изведов на добар пат, кои сега си имаат свои семејства, а јас сум среќна баба со среќни внучиња
–
Блага, на почетокот на кариерата (од насловната на една нејзина сингл-плоча издадена за белградската диско-куќа “Пгп-Ртб“)
-И ако е така како што е, тебе оптимизмот не те напушта, насмевката е твојот заштитен знак, велат дека си народен човек
0Во право се сите тие што така велат. На улица кога ќе ме сретнат, јас застанувам, имам сила и време и трпение да им ги сослушам маките на луѓето. Значи не сум одбивна. Одам често, овде кај мене кај што живеам, на пазарче каде знам да си поправам муабет со народот со тие измачени души. Им ја влевам надежта за подобро утре. Никогаш не треба да се предаваме, мораме да чекориме понатаму со крената глава. Ако денес не е како што треба, ќе биде утре подобро. Постоји секогаш некоја причина да ја имате насмевката на лицето, некому да кажете убав, топол збор.
-За себе ќе кажеш дека си ѕвезда?
0Мене луѓето ме гледаат како нивна, не како некоја што преку малите екрани им влегува во домовите, не како пејачка ѕвезда, бидејќи нели, велиме ѕвездите се само на небо, а јас сум тука со својот народ, македонски. Не се фалам не сум од тие, само сум природна, едноставна, опуштена во своето однесување. Извештаченоста не ми е својствена…..Бидејќи кај и да настапувам, и дома и во дијаспората кај нашите иселеници, секогаш сум примена со аплаузи, со раширени раце. Тоа ми ја полни душата сите овие години! /целиот текст читајте го во печатеното издание на весникот ВЕЧЕР/
Дуле Миќиќ