Јас сум одговорен за поразот, го избрав тимот

25

Зинедин Зидан, тренерот на Реал, ја прифати одговорноста за неуспехот на „кралскиот клуб“ на почетокот од Лигата на шампиони и поразот од Шахтјор (2:3).

Шампионот на Украина одигра одлична партија и ги освои сите три бода на „Сантијаго Бернабеу“, а Зидан по мечот изјави дека самиот тој ја сноси вината.

  • Она што се случи ме вознемири. Се работи и за мене, јас сум одговорен. Не ја видов тимската игра што ја посакував, а кога не го гледате крајниот резултат, вие сте виновни. Тие се на терен и им требаат решенија, рече Французинот.

Французинот е свесен дека тоа е само почеток на натпреварувањето, но никој не очекуваше пораз во Мадрид.

  • Тоа е лош момент за целиот тим. Покажавме борбеност во второто полувреме. Играчите се вознемирени, тие се шампиони, тоа чувство е нормално. На мене е да најдам решенија бидејќи вакви работи не смеат да ни се случуваат, вели тренерот на Реал.