Јас сум единствен, не може и Оливер Кан

51

Спортскиот директор на Баерн (М), Хасан Салихамиџиќ, е на удар поради променливите резултати кои ги бележи актуелниот шампион во Бундес лигата, но и поради кадровската политика. До пред неколку недели, силни “удари” од јавноста и најверните фанови, трпеше и предводникот на баварскиот гигант, Нико Ковач, кој се спаси благодарение на последната серија од неколку победи по ред.

Есенскиот дел од актуелната сезона Баерн (М) го заврши со шест бода помалку во споредба со лидерот на табелата, тимот на Борусија од Дортмунд, а пролетниот ќе го стартува со петочната пресметка против екипата на Хофенхајм.

Во последното интервју кое го даде даде “Спорт Билд”, Салихамиџиќ изјави дека искуството на Баерн (М) треба да биде клучно кога е во прашање борбата за шампионската титула.

  • Не сме навикнати ние да бидеме ловџии, туку сме навикнати ние да бидеме пленот. Сепак, играчите ја сакаат оваа нова улога и веќе се имаат соживеано со предизвикот, изјави Салихамиџиќ.

Легендарниот репрезентативец на БиХ откри што мисли за најновата идеја на клупските челници кои сакаат да го ангажираат Оливер Кан, кој би требало да има позначајна функција од таа која ја има Салихамиџиќ.

  • Имам искрен и добар однос со Оливер, но јас сум максимално искрен и верувам во моите квалитети, моето знаење и моите вештини. Мислам дека најдобро ја работам оваа работа. Затоа на управата јасно и кажав дека нема да работам доколку ми биде донесен некаков тутор или ментор. Уште еднаш ќе повторам јасно и гласно – нема да прифатам уште еден спортски директор или улогата на втор спортски директор, додаде Салихамиџиќ.