Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, во верзијата на ВБЦ, Британецот Рајсон Фјури (32-0), потсети дека е најдобриот тешкаш во моментов. Легендарниот боксер од Манчестер е рангиран како најдобaр активeн тешкаш во светот според ЕСПН. Фјури (33) има скор од 32-0-1 во рингот и последен пат го нокаутира Дилиен Вајт во април, во Лондон. Така ја одбрани титулата на ВБЦ втор пат по ред.

Тајсон објави дека се повлекува од боксот, но во последно време се шпекулира дека повторно би можел да влезе во рингот. Постои можност да го видиме и против победникот меѓу Ентони Џошуа и Александар Усик. Ќе биде битка за обединување на сите појаси.

– Јас сум проклето најдобар! Јас сум најдобриот што некогаш живеел! Јас сум вистинскиот шеф во тешка категорија. Ги поседувам овие мајкини! – рече Фјури во видеото објавено на Твитер.

Набргу по таа објава, шампионот на УФЦ во тешка категорија, Френсис Нгану (17-3), одговори:

– Јас сум најголемата риба во вашето езерце… во моментов – напиша Нгану.

Во меѓувреме, промоторот на Британецот, Боб Арум, рече дека имал продуктивни разговори со тимот на украинскиот боксер Aлександр Усик за потенцијална борба за титулата светски првак во тешка категорија, со Фјури.

– Би сакал да ја имам таа борба. Можеби, во декември или на почетокот од следната година – изјави Арум за новинарот Мајкл Бенсон.

Усик моментално се подготвува за реванш со Британецот Ентони Џошуа. Ќе се одржи на крајот од август, во Саудиска Арабија. Фјури го најави своето пензионирање откако го победи сонародникот Дилиeн Вајт во април, во Лондон.

Тој претходно изјави дека би можел да се врати во боксот доколку добие понуда од 500 милиони фунти. Сепак, сега, очигледно плановите се менуваат, бидејќи Арум бил на преговори и сака Фјури да се бори со Усик на крајот од годинава.