Австралискиот тенисер Ник Кирјос, не ја испушти можноста да испрати остри критики кон најдобриот тенисер на денешницата, Новак Ѓоковиќ, откако беше обелоденето дека неколку учесници  од „Адрија тур“ се заразени со Ковид 19.

-Немојте повеќе мене да ме прозивате за постапките што некои ги сметаат за неодговорни или глупави. Можеби и јас правам глупости, но ова е без конкуренција. Моите молитви се за здравјето на сите тенисери кои се заразија од коронавирусот, напиша Кирјиос на социјалните мрежи.

Кирјос е најконтраверзниот тенисер на АТП туррбирите, секогаш прави работи кои не се достојни за белиот спорт. Но, сега доби шанса да каже дека и некои други тенисери не се цвеќе за мирисање, алудирајќи на Ѓоковиќ, со кого баш и не  многу се мириса на тениските терени.

Покрај Ѓоковиќ позитивни на коронавирус се и Бугаринот  Григот Димитров,првиот рекет на хрватска Борна Чориќ и Виктор Троицки, како и кондиционите тренери на Бугаринот и Србинот.