Тимот на Торонто Репторс направи голем чекор кон освојување на титулата во НБа лига, откако во финалната серија поведе со 3:1 во победи (во серија до четири) над актуелниот шампион Голден стејт.

Нерешлива енигма во оваа серија за сеуште актуелниот шампион беше Каваи Леонард, кој уфрли 36 поени и забелжа 12 скокови и две асистенции.

-Не сум јас од оние кошаркари кои играат херојска кошарка. Јас не играм за навивачите, јас играм за да победам. Не сум тука да уривам рекорди, порача крилниот центар на канадскиот тим.

Интересно за тимот од канада е и тоа што на драфтот немаше ниту еден кошаркар кој бил распореден на првите 14 позиции за драфтот. Највисок избор е Каваи Ленард кој беше 15. пик кога го драфтуваше Индијана, но веднаш беше испратен во Сан Антонио. Кајл Лаури и Серж Ибака беа избор број 24, Сиакам 27-ми, а Марк Гасол беше дури 48-ми пик на драфтот и тоа најмногу поради славниот брат Пау кој веќе беше во лигата.