Британскиот боксер во тешка категорија Дилан Вајт, изјави дека е подготвен да го замени сонародникот Тајсон Фјури во борбата против Американецот Дионтеј Вајлдер, на 24. јули. Мечот меѓу Фјури и Вајлдер, нивни трет е одложн заради тоа што Британецот беш е позитивен на коронавирус.

Оваа борба требаше да биде за светската титула во тешка категорија, во верзијата ВБЦ, но оваа борба е одложена за септеври или октомври годинава. Меѓутоа, целата работа би можел да ја спаси 33 – годишниот Вајт, боксер кој е роден на Јамајка.

-Кога вакви работи се случуваат и кога еден од боксерите не може да се бори, тогаш е време за привремен шампион, а тоа сум јас. Треба да добијам можност. Треба да се борам против Вајлдер, а победникот од тој меч да се сретне со Фјури. Потоа победникот од овој меч ќе треба да добие шанса против Ентони Џошуа, изјави Вајт.

Вајт во професионалната кариера има 28 победи, 19 со нокаут и два порази од Ентони Џошуа и Александар Поветкин.