Денес почитувани мои сограѓани ВИ се обраќам на сите кои знаете дека нема пандемија туку масовно труење со авиони и 5G, на сите кои верувате дека вирусот е обичен грип и на сите кои сте сосема оправдано загрижени дека вакцините се небезбедни, како и на сите кои тврдите дека вакцините ќе послужат за масовно чипирање по наредба од Бил Гејтс.

  • Почитувани мои сограѓани кои од сигурни извори знаете дека авионите при прелетување на нашата земја исфрлаат бојни отрови, единствен начин да се заштитите од овие смртоносни отрови е постојано да носите гас-маски. Ако не Ви останала ниту една од ЈНА, тогаш БАРЕМ ставете обична МАСКА или шал за да го намалите количеството на отров кој ќе го вдишите.
  • Почитувани мои сограѓани, кои верувате дека Ковид-19 е обичен грип, дали знаете дека смртноста од обичниот грип, секоја година во Америка и Европа е 4-6 пати поголема отколку во Кина ??? А знаете зошто ??? Бидејќи Кинезите секоја година во зимските месеци носат МАСКИ и држат РАСТОЈАНИЕ.
  • Почитувани мои сограѓани, кои сте АПСОЛУТНО ОПРАВДАНО ЗАГРИЖЕНИ дали вакцините ќе бидат безбедни, дозволете да има доволно долг временски период за истите да бидат правилно истестирани. КАКО ??? Да ја намалиме инциденцата на новозаразени, а со тоа и бројот на починати. КАКО ??? Носете МАСКИ, држете РАСТОЈАНИЕ !!!!
  • Почитувани мои сограѓани кои тврдите дека вакцинацијата ќе послужи за чипирање на населението, ајде заедно да ја спречиме оваа белосветска завера. КАКО ??? Да ја уништиме трансмисијата на вирусот, а со тоа и оваа пандемија, по што вакцинацијата ќе стане непотребна !!!! КАКО ??? Со носење МАСКИ, држење РАСТОЈАНИЕ и колективна ОДГОВОРНОСТ.

Затоа почитуван мој народе, секој на свој начин, со своето лично убедување нека допринесе што побргу болниците да се празни, а кафеаните полни.

КАКО ???? Одговорот веќе го знаете.

Пријатен ден, добро здравје и да не дозволиме повеќе ниту еден наш сограѓанин да почине од труење, грип, несакани дејства од вакцините, чипирање итн…. КАКО ??? Веќе знаете сите !!!!