Ракометната репрезентација на Хрватска, не успеа да се пласира во четвртфиналето на Светското првенство во Египет, откако селекцијата предводена од искусниот стратег Лино Червар, во последното коло од главната фаза загуби од репрезентацијата на Данска.

Червар по поразот од Данска најави повлекување од селектороското место, а во разговор за „24часа“ зборуваше за многу теми поврзани со Мундијалот, меѓу која и за ситуацијата со повредата на поранешниот играч на македонските тимови Вардар и Металург, Лука Циндриќ.

-Јас го открив Лука Циндриќ и го донесов во Металург. Да не бев јас кој знае каде ќе беше сега, дали ќе играше во Барселона или пак ќе останеше во Огулин. Но, кога ќе дојдеше време да ми треба, него го нема. Така беше во 2019, кога се повреди, така беше и лани. Сега повторно се случи истото. При секој тренинг го прашував како е неговата здравствена состојба и тој често велеше дека му требаат уште половина час, па уште 20 минути, па уште 10, па уште пет…, рече Червар.