„Си велам, ај да кренам прав“, изјави пејачката Јасмина за весникот ВЕЧЕР, а нејзините пријатели и фанови се согласни дека таа беше и убаво македонско девојче, а сега е убава жена!

Секоја пејачка штом вака ќе се соблече покажувајќи си ги долгите нозе, веднаш неофицијално ја споредуваат со славната Лепа Брена. Па, така ѝ се случи и на нашата позната фолк-пејачка Јасмина Гуњова.

Таа ја сподели сликата на „Фејсбук“ на која ја покажува сета својата природна убавина, а се во склад со мега-хитот на Лепа Брена „Дуге ноге за играње, вито тело за гледање….“ И навистина е така. Нашето убаво Јасминче на својата 28-годишна возраст застана токму во ваквата провокативна поза пред фотообјективот и воопшто не згреши. Тогаш за потребите на нејзината прва аудиокасета.

На прашањето на весникот ВЕЧЕР: Што ти текна сега на оваа слика после толку години, таа вели: Без некој повод туку си велам, ај да кренам прав!
Секако дека на Јасмина ѝ успеа да крене прав, но и да покаже дека не само пејачките од странство се соблекуваат и еротика покажуваат туку дека имаме и ние наши со кои можеме да се гордееме, особено затоа што кај нашите сè е природно без пластика.

Единствена штета е што немаме повеќе вакви како Гуњова, затоа што публиката не само што слуша, таа и гледа. Еротиката била и останала составен дел од естрадата. Дуле М.    Фото:ФБ