Јапонците добиваат само мали порции помфрит во „Мекдоналдс“, нема компири

80

Најголемиот синџир ресторани за брза храна во светот, „Мекдоналдс“ се соочува бори со недостиг на компири во Јапонија, па на гостите им нуди мали порции.

Познато колку е важен компирот за оваа компанија, бидејќи тие го прават својот познат помфрит, омилен ширум светот, но поради светската криза во синџирите на снабдување, доцни спораката.

Затоа „Мекдоналдс“ реши во Јапонија да продаваат само мали порции помфрит до 30 декември, пишува Би-Би-Си. Тамошната франшиза привремено ќе ја ограничи продажбата на средни и големи помфрити, што е проактивна мерка за да се осигура дека клиентите можат да продолжат да уживаат во оваа храна.

„Тие сепак ќе можат да нарачаат мал помфрит во сите наши ресторани. До денес немаше прекини во снабдувањето“, соопшти британската услужна компанија.

Од „МекДи“ велат дека тие обично увезуваат компири преку пристаниште во близина на Ванкувер, Канада. Сепак, бродовите се соочија со одложувања поради штетите од поплавите и влијанието на пандемијата врз глобалниот синџир на снабдување. Сега ќе се сврти кон алтернативни мерки, вклучително и снабдување на Јапонија по воздушен пат.

Ова не е прв пат „Мекдоналдс“ во земјата на изгрејсонцето да биде принуден да ги намали своите порции. Во текот на 2014 година, долготрајниот индустриски спор помеѓу 20.000 пристаништа, оператори на терминали и бродски линии во 29 пристаништа на западниот брег на САД – предизвика недостиг на помфрит.

Како одговор, „Мекдоналдс Јапонија“ презеде итен чекор и исто така продаваше само мали порции помфрит. Потоа, во август оваа година, „МекДи“ рече дека се соочува со проблеми со снабдувањето кои влијаат на достапноста на шејкови и флаширани пијалоци во неговите 1.250 продажни места во Британија.

Компанијата соопшти дека недостатокот на возачи на камиони низ целата земја е една од причините за прекинот.