На првата овогодишна аукција на јапонскиот производител, еден грозд на црвеното грозје од сортата „Руби Роман“, е продаден за 11.000 долари (1,2 милиони јени), што го чини најскапо грозје, откако оваа сорта на грозје се појави на пазарот пред 12 години.

Грозјето наречено „Руби Роман“ е познато по тоа што е исклучително сочно, со мала киселост и висок степен на шеќер. За јапонците ова грозје има статусен симбол и најчесто се дарува како подарок.

Оваа скапоцена сорта на јапонско грозје се одгледува исклучително во регионот Ишикава на западниот брег на островот Хоншу. Секое зрнце мора да е со големина на пинг-понг топче и да тежи 20 грама. Од ова грозје не се прави вино, туку се користи само за јадење.

„Понудивме 1,2 милиони јени за да ја одбележиме 12-годишнината откако ова грозје се појави на првата аукција. Сакавме со нашите клиенти да ја поделиме радоста за влегувањете во новата ера, вели Хосокава, мислејќи на новата ера на земјата која почна во мај со крунисување на новиот цар Нарухито.

Високата цена на грозјето доаѓа поради загриженоста за квалитетот на „Руби Роман“, која се појави поради лошото време на крајот на јуни и наглиот пораст на температурите на почетокот на јули.

Но, производителите очекуваат до крајот на септември да испорачаат 26.000 гроздови.