Јапонски искуства за заштитата на Охридското Езеро и негова туристичка промоција

53

„Балансирање на зачувување на животната средина и регионална/туристичка промоција на Охридското Езеро преку соодветно управување со местата на светското наследство“ е насловот на предавањето што на 2 февруари ќе се одржува во организација на амбасадите на Јапонија во Скопје и во Тирана.

– Предавањето ќе опфати искуства за зачувување на водата на езерото Бива во префектурата Шига во Јапонија, езеро старо над 4 милиони години и проценето како 13-то најстаро езеро во светот. И Охридското и езерото Бива се заштитени со закон и се на листата на светско наследство на УНЕСКО – информираат организаторите.

На предавањето е предвидено свои обраќања да имаат професори од Јапонија, Јамасаки Масафуми и Ичики Шигеказу, со експертски искуства од областа на заштита на езерски басени.

Јапонија континуирано го поддржува развојот на капацитетите на македонските институции за третман на водите и животната средина преку програмите на ЏАЈКА (ЈИЦА). Во 2017 година Музејот на езерото Бива од Јапонија и Хидробиолошкиот институт од Охрид започнаа меѓусебна официјална соработка за двете езера.