Јапонски воз возел со отворена врата четири километри при брзина од 280 километри на час

121

Јапонски воз запре во тунел на неколку минути откако ја напушти станицата Сендај на пат кон Токио, поради тоа што една врата останала отворена при брзина од 280 километри на час.

Никој од 340 патници не е повреден на возот 46, а откако застана поминале 15 минути во тунелот додека целиот систем не бил препрограмиран.

„Источната јапонска железничка компанија“, соопшти дека проблемот настанал кога чистачка заборавила да го затвори уредот кој рачно ја отвора вратата.

„Искрено им се извинуваме на патниците за инцидентот и ќе се обидеме вакво нешто да не се повтори“, изјави портпаролот на компанијата.

Јапонските медиуми пренесуваат дека возот преминал околку четири километри пред да застане, како и да е стаса во Токио со 19 минути задоцнување и предизвикал доцнење на уште 3000 луѓе на други линии, кои морале да забават или да почекаат.