Јапонија ќе покрива половина од патните трошоци на туристите

47

Јапонската влада почнува со програмата за поддршка на туризмот вредна 18,2 милијарди долари, а една од мерките предвидува државата да покрие половина од патните трошоци на туристите.

Шефот на јапонската туристичка организација Хуроши Табат најави дека државата се обидува да привлече туристи во земјата на тој начин што на сите заинтересирани кои сакаат да ја посетат земјата им нуди паричен надоместок за половина од патните трошоци. Програмата за поддршка на туризмот се очекува да почне во јули, пишуваат јапонските медиуми.

Изјавата на Табат доаѓа по укинувањето на вонредната состојба од страна на премиерот Шинзо Абе воведена поради справување со пандемијата од вирусот Ковид – 19.

Абе истакна дека укинувањето на вонредната состојба не значи дека пандемијата е завршена.