Јапонија: Силен земјотрес во близина на Фукушима

117

Земјотрес со јачина од 6,2 степена беше почувствуван денеска на североисточниот брег во Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти јапонската метеоролошка служба.

Епицентарот на земјотресот што се случи во 7.23 часот по локално време бил недалеку од Фукушима, на длабочина од 50 километри, пренесе „Ројтерс“.

Нема извештаи за материјална штета. Земјотресите се чести во Јапонија, која се смета дека се наоѓа на едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.