Јапонија: Загубен УСБ-стик со лични податоци на 460.000 луѓе

43

Стикот ги содржи личните податоци на корисниците, вклучувајќи ги нивните имиња, адреси, датуми на раѓање и броеви од банкарските сметки.

УСБ-стик со лични податоци на 460.000 луѓе, вклучително и броеви на банкарски сметки, е изгубен во Јапонија, јавува агенцијата „Анадолија“.

Вработен во компанија, кој помогнал да се распореди финансиската поддршка за ковид-19, во Амагасаки,во префектурата Хјого, изгубил торба во која имало и мемориски стик. Стикот содржел лични податоци на 460.000 луѓе кои се регистрирани и живеат во Амагасаки.

Вработениот ги известил припадниците на безбедносните сили дека ја изгубил чантата по вечерата во ресторан.

Стикот ги содржи личните податоци на корисниците, вклучувајќи ги нивните имиња, адреси, датуми на раѓање и броеви од банкарските сметки.

Стикот е заштитен со лозинка и сè уште нема докази дека споменатата информација била протечена.